Connect with us

Фудбал

ПМФЛ: Вардар победи со нов тренер, „Комитите“ почнуваат бојкот, бараат оставка од раководството

Фудбалерите на Вардар предводени од новиот тренер Миодраг Божовиќ го совладаа вечерва на домашен терен Арсими со 2-0 во завршниот натпревар од 6. коло во ПМФЛ кој петнаесетина минути беше во прекин, предизвикан од навивачите на најтрофејниот македонски клуб кои веќе подолго време бараат оставка од клупското раководство.

Третата прволигашка победа на Вардар ја навести капитенот Закариќ во 25 минута, а ја потврди Спахиу (90+12). Актуелниот шампион со триумфот се искачи на четвртото место на табелата со десет бодови, пет помалку од лидерот Шкендија Тетово, додека Арсими остана на седмото место со исто толку бодови.

Второто полувреме на вечерашниот дуел имаше судско продолжение од петнаесетина минути, колку што траеше прекинот предизвикан од нававичката група „Комити“, која незадоволна од работата на клупското раководство ги напушти трибините на стадионот на ФФМ Тренинг центарот.

Навивачката група уште пред вечерашниот дуел најави дека ова ќе биде последен натпревар на кој ќе го бодри својот тим, најавувајќи целосен бојкот до исполнување на нивното барање за оставка на раководните структури во Вардар.

Претходно денеска во рамки на 6. прволигашко коло, Струга во дербито го совлада Силекс со 1-0.

ПМФЛ – коло

Вардар – Арсими 2-0
Струга – Силекс 1-0
Скопје – Башкими 1-2 (сабота)
Шкендија – Тиквеш 1-3 (четврток)
Брегалница – Шкендија Арачиново 0-1 (четврток).

Табела: Шкендија 15, Струга 13, Тиквеш 11, Вардар 10, Шкендија Арачиново 10, Силекс 7, Арсими 7, Брегалница 6, Скопје 3, Башкими 3.