Connect with us

Свет

Трамп пристигна во Виндзор

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска пристигна во Виндзор, на почетокот на државната посета на Велика Британија.

Трамп и првата дама Меланија беа пречекани од принцот и принцезата од Велс, а потоа и од британскиот крал Чарлс и кралицата Камила.

Трамп и неговата сопруга синоќа допатуваа во Велика Британија, а утрово со хеликоптер пристигнаа во Виндзор.

Тоа е втора посета на Трамп на Велика Британија, првата беше за време на неговиот прв мандат. Посетата се одвива зад затворени врати без интеракција со јавноста.