Connect with us

Останати спортови

Миленкоски на Евроволеј 2026 за последен пат ќе ја предводи македонската репрезентација

Македонскиот одбојкарски стручњак, Јошко Миленкоски, на претстојното Европско првенство за последен пат ќе ја предводи нашата репрезентација. Тој денес на прес-конференција објави дека по долги години се повлекува од националниот тим, оставајќи простор за помладите тренери.

– За мене ова ќе биде последна акција со македонската репрезентација на едно големо натпреварување. Мислам дека беше доволно. Време е во репрезентацијата тренери кои моментално ги обучуваме подолг период и сметам дека стигнаа до потребното ниво. По долги години работа со репрезентацијата, од 1992 до 1997, потоа до 2007, па од 2023 до сега, заедно поминавме многу квалификации, натпревари, и еве второ европско првенство, време е да се каже доста е, рече Миленкоски.

Селекторот остави можност за соработка со Македонската одбојкарска федерација во иднина, во друга форма.

Македонските одбојкари во четвртото учество во низа на ЕвроВолеј играат во најсилната група – групата Б, во Софија заедно со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел.

Првиот дуел нашите репрезентативци ќе го имаат в среда (9 септември) против Бугарија.