Connect with us

Свет

Путин вели дека постои можност за мировен договор за завршување на војната во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека постои можност за склучување мировен договор со кој ќе се стави крај на војната во Украина. Во исто време, тој го обвини Киев за „државен тероризам“ заради преупредувањата за ризиците за авионите во рускиот воздушен простор.

Путин додаде дека голем број држави меѓу кои САД и Кина се подготвени да поддржат постигнување мировен договор.

– Проблемот треба да биде решен од државите кои се во конфликтот – Русија и Украина. Тоа е вистинскиот начин. И покрај тоа, благодарни сме им на сите кои се обидуваат да придонесат за постигнување на договор. Има ли шанси? Според мене, да, има – изјави тој на економски форум во Владивосток.