Connect with us

Фудбал

Кин во Комо, Волтемаде во Јувентус

Италијанскиот фудбалер Моисе Кин ќе ја продолжи кариерата во Комо откако обезбеди трансфер од Фиорентина во последните моменти од летниот преоден рок, додека германскиот напаѓач Ник Волтемаде ќе настапува како позајмен фудбалер од Њукасл во Јувентус.
Кин (26) беше во конфликт со раководството на Фиорентина во последните недели и дури беше казнет и финансиски, но во последните моменти од преодниот рок успеа да се пресели во Комо, кој оваа сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Комо ќе плати обесштетување од околу 40 милиони евра.
Кин во дресот на Фиорентина одигра 79 натпревари и постигна 35 голови.
Волтемаде (24) минатата сезона пристигна во Њукасл од Штутгарт за 75 милиони евра, постигна 11 голови на 53 настапи за премиерлигашот, а сега ќе има задача да го освежи нападот на Јувентус, кој остана без српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ.