Фудбал
Ди Лоренцо во Наполи до 2030
Капитенот на Наполи, Џовани ди Лоренцо, денеска го продолжи договорот со клубот од Неапол до 2030 година.
„Честитки до капитенот“, објави италијанскиот клуб на социјалните мрежи.
Триесетитригодишниот Ди Лоренцо дојде во Наполи од Емполи во 2019 година и оттогаш одигра 307 натпревари за клубот од Неапол на кои постигна 20 голови и додаде 42 асистенции.
Со Наполи освои две титули во италијанското првенство, како и по еден трофеј во националниот куп и Суперкупот на Италија.
Ди Лоренцо зад себе има 53 натпревари за италијанската репрезентација на кои постигна пет голови.
септември 3, 2026
