Connect with us

Вести

Започнува кампањата „Катастар до тебе“ – Агенцијата за катастар поблиска до граѓаните

Агенцијата за катастар на недвижности започнува со нова кампања под наслов
„Катастар до тебе“. Првата промоција ќе се одржи во четврток, 18 септември 2025
година, од 16 до 19 часот во Општина Аеродром.

Целта на кампањата е институцијата да се доближи до граѓаните преку директна
комуникација, отвореност и транспарентност. На овој начин, граѓаните ќе имаат
можност да поставуваат прашања и да добијат јасни и прецизни одговори од стручни
лица, како и информации за постапките што ги спроведува Агенцијата.

За време на настанот, државни службеници и раководители од Агенцијата ќе бидат
достапни за разговор и советување, со цел полесно да им помогнат на граѓаните во
решавање на нивните дилеми и прашања поврзани со катастарските услуги.

Со кампањата „Катастар до тебе“, агенцијата ја потврдува својата посветеност за
поголема близина до граѓаните, унапредување на довербата и обезбедување
поефикасни и поедноставни услуги за физичките и правните лица. Во рамките на
кампањата е предвидено да се посетат сите општини во државата.

Ги покануваме граѓаните во четврток, 18 септември, во Општина Аеродром да бидат
дел од почетокот на оваа иницијатива.