Connect with us

Свет

Трамп го одложи до декември спроведувањето на законот за одземање на сопственоста на ТикТок

Американскот претседател, Доналд Трамп, денеска ја потпиша извршната наредба за одложување до 16 декември на спроведувањето на законот од 2024 година, што бара отстранување на кинеската сопственост на ТикТок.

Британските медиуми пренесуваат дека одложувањето ќе ѝ даде на кинеската компанија „БајтДенс“ (ByteDance) дополнителни 90 дена за финализирање на договор за префрлање на американскиот имот од ТикТок врз американски сопственици.

Трамп денеска потврди дека има договор меѓу САД и Кина за продолжување на работењето на ТикТок во САД, а три извори запознаени со ситуацијата рекоа дека договорот е сличен на оној што беше дискутиран претходно оваа година.

„Постигнат е договор за компанија што младите луѓе во нашата земја многу сакаат да ја спасат. Тие ќе бидат многу среќни“, напиша Трамп на својата мрежа Truth Social, алудирајќи на бизнисот на платформата ТикТок во САД