Вести
Анкета: ВМРО-ДПМНЕ ќе го освои мнозинството во советите

Во емисијата Објектив на МТВ телевизија во однос на направената анлиза за која партија, советничка листа ќе гласаат граѓаните на претстојните локални избори најголем дел од нив односно 27,1 % се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, за СДС 10,5% за Националната алијанса за интеграција 9,6%, за Вреди 8,6, Левица 5,9% за Независна листа 4,4 и Знам 4,0%.
Оваа анализа покажува дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе го освои мнозинството во советите на овие локални избори.
Во оваа емисија аналитичарот Петар Арсовски истакна дека резултатите на анкетата ги толкува како знак од граѓаните да престане манипулирањето во советите односно кочењето на процесите и проектите, притоа напоменувајќи ја градоначалничката Данела Арсовска како пример за таков вид на застој во Градот Скопје.
„Градот Скопје покажа дека градоначалничката нема никаков проблем да ги закочи проектите во градот за да си ја истера својата партиска битка.Резултатите на оваа анкета ги толкувам како знак од граѓаните дека тоа треба да престане и чувствувам едно движење на граѓаните дека бараат од советите да си ја работат својата работа, овој чекор е во вистински правец“, рече Арсовски.
септември 17, 2025