Свет
Прв разговор меѓу Путин и Ал-Шара по јануари: Фокус на воените бази и обновата на Сирија
Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот сириски колега Ахмад ал-Шара денеска во телефонски разговор ја истакнаа важноста на Меморандумот за разбирање за реорганизација на руското воено присуство во базите Хмејмим и Тартус.
Како што соопшти Кремљ, за време на размената на мислења за ситуацијата во Сирија, Путин ја потврдил принципиелната позиција на Москва во поддршка на единството, територијалниот интегритет и суверенитетот на земјата, како и создавањето услови за долгорочна нормализација и постконфликтна обнова.
Двајцата лидери ги разгледале актуелната состојба и перспективите за натамошен развој на билатералните односи, изразувајќи посветеност на продлабочување на политичкиот дијалог и соработката во трговијата, економијата, хуманитарната област и во други сфери. Путин и Шараа се согласија да продолжат со контактите на различни нивоа.
Договорот за реорганизација на воздухопловната база Хмејмим и логистичкиот поморски објект во Тартус, во западна Сирија, беше потпишан на 9 август по околу 18 месеци преговори. Денешниот разговор е прв познат контакт меѓу двајцата претседатели откако Шараа ја посети руската престолнина во јануари.
август 27, 2026
