Connect with us

Свет

Во САД регистрирани првите овогодишни смртни случаи од морбили, епидемијата се шири

Две лица, жители на Пенсилванија, починаа откако заболеа од морбили (мали сипаници), со што се регистрирани првите такви смртни случаи оваа година во Соединетите Држави, кои се соочуваат со најголем број заболени од оваа исклучително заразна болест во повеќе од три децении, додека стапката на вакцинација опаѓа.

Двете починати лица биле невакцинирани и живееле во округот Ланкастер, соопшти Министерството за здравство на Пенсилванија во вторникот. Министерството не објави дополнителни детали, повикувајќи се на заштитата на приватноста.

До смртните случаи дојде приближно две недели откако претседателот Доналд Трамп претстави извршна уредба во која ја критикуваше комбинираната вакцина против морбили, заушки и рубеола (МРП) и повика таа долгогодишна комбинирана вакцина, која обезбедува 97-процентна заштита од морбили, да се раздвои на три посебни вакцини.

Трамп, спротивно на сите научни докази и децении на безбедна и ефикасна примена, за вакцината МРП рече дека „постои можност сите заедно да се прилично смртоносни“.

Американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди помладиот со децении тврди дека вакцината МРП и другите вакцини се поврзани со зголемен ризик од аутизам. Научниците велат дека таа теорија е темелно отфрлена со истражувања кои во текот на низа години опфатија милиони деца