Connect with us

Свет

Трамп: Поради смртта на Доли Партон, знамињата во САД една недела на половина копје

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наредил во чест на американската кантри пејачка и глумица Доли Партон, која почина вчера, знамињата во САД да се спуштат на половина копје во текот една недела.

„Многу ми е жал што морам да ве известам дека Доли Партон, една од најголемите кантри пејачки – и далеку повеќе од тоа – било кога, штотуку почина. Ова е вистинска загуба за милиони луѓе. Никогаш немало никој како неа, ниту некогаш ќе има. Во нејзина чест, наредувам спуштање на американското знаме ширум Соединетите Држави на период од една недела, почнувајќи од 18:00 часот. Почивај во мир, Доли! Светот те сака“, наведе Трамп во објава на својата платформа „Трут соушл“ (Truth Social).

Доли Партон почина вчера на 80-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство.

Доли Партон освои 11 „Греми“ награди, вклучувајќи ја и наградата за животно дело. Со класичните песни, меѓу кои се Coat of Many Colors, Jolene и I Will Always Love You, таа стана една од најпродаваните уметници на сите времиња со над 100 милиони продадени плочи, а се оствари и како текстописец и глумица.