Фудбал
Јувентус го позајми Ди Грегорио на Борнмут
Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус го испрати голманот Микеле Ди Грегорио на едногодишна позајмица во премиерлигашот Борнмут со опција за откуп на договорот на крајот од сезоната.
Позајмицата ќе го чини Борнмут 1,3 милиони евра, додека за да ја активира откупната клаузула англискиот клуб ќе треба да плати 12,7 милиони евра.
Во последните две сезони, по пристигнувањето од Монца, 29-годишниот Ди Грегорио одигра вкупно 84 натпревари за Јувентус.

