Скопје
Видео од намерно подметнатиот пожар во сервис за возила во Кисела Вода
Пожарот што пред 4 часот утрово избувнал во сервис за возила пред Пинтија, во општина Кисела Вода, е изгаснат пред 6 часот, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување информираше дека Бригадата за протипожарна заштита на град Скопје веднаш излегла на лице место и со осум возила по тешка борба со огнот, пожарот бил изгаснат пред 06:00 часот.
септември 16, 2025