Фудбал
Милан договори играч од француската Лига 1
Екипата на Милан има ново засилување, откако успеа да го договори Диего Мореира од Стразбур. Веста за трансферот ја објави Фабрицио Романо. Италијанскиот тим ќе треба да плати 50 милиони евра и дополнителни бонуси.
Француската екипа ќе има приход и од следниот трансфер на фудбалерот во друг клуб.
За белгискиот фудбалер, кој квалитетно може да игра на двете страни на теренот интерес имаше и од клубови од Германија и од Англија. Но, тој сепак го одбра Милан и во новата сезона ќе настапува во Серија А.
Мореира во последната сезона одигра 27 натпревари за Стразбур, постигна 4 голови и имаше шест асистенции.
август 18, 2026
