Фудбал
Уште еден клуб го сака Алварез во своите редови
Аргентинскиот репрезентативец Хулијан Алварез е еден од најбараните напаѓачи овој преоден рок. Тој е цел на Барселона, но неговиот сегашен клуб Атлетико Мадрид не дозволува трансфер.
Фудбалерот во меѓувреме инсистира на разговори со тренерот Диего Симеоне и раководството на клубот за трансфер во Барселона, но тоа не се случува.
Последните информации се дека и менаџерот на шампионот на Премиер лигата Микел Артета, играчот го гледа како одлично засилување за Арсенал. Тој дури имал и телефонски контакт, но играчот дал до знаење дека сака кариерата да ја продолжи во Барселона.
Аатлетико Мадрид првиот натпревар во новата сезона ќе го игра во среда (19.август) на домашен терен против Малага и најверојатно Алварез нема да биде во комбинација за настап.
август 18, 2026
