Connect with us

Кошарка

Македонската кошаркарска репрезентација има нов Американец

Италијанскиот клуб Олимпија Милано објави дека македонската кошаркарска репрезентација ќе има нов натурализиран Американец. Станува збор за Мозес Рајт (бел дрес на фото). 

Тој ќе треба да се приклучи на репрезентацијата за претстојниот августовски „прозорец“ односно за дуелот што македонскиот национален тим ќе го игра против Австрија на 30. август ма гостински терен. Тоа е дуел од квалификациите за Евробаскет 2029 година. Нашата репрезентација во првото коло е слободна, а играат Кипар и Австрија.

Има неколку дневни договори и со екипите од НБА лигата Лос Анџелес Клиперс и Далас Маверикс (вкупно четири натпревари одиграл во НБА), настапувал во Кина, но сепак забележителни бројки има последните две сезони во Олимпијакос и Жалгирис.

Рајт има 27 години и висок е 206 сантиметри и игра на позицијата центар.