Вести
Биковиќ на средба со премиерот Мицкоски, пројавил интерес за инвестиција во Берово

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со познатиот актер Милош Биковиќ. Тој по потекло е од убавиот македонски град Берово.
Разговаравме за неговата иницијатива за инвестиција во хотелски и рекреативен комплекс во Берово. Ме радува неговата иницијативност и љубов кон Берово и Македонија, објави Мицкоски на својот инстаграм профил.
Така се почитуваат своите корени, додаде Мицкоски.
септември 16, 2025