Останати спортови
Квадарела европска шампионка со рекорд на првенствата
Симона Квадарела од Италија го освои второто злато на Европското првенство во пливање што се одржува во Париз. Таа победи и во трката на 1.500 метри слободно со време 15:46.22 минути што е нов рекорд на европските првенства. Место на пиедесталот обезбедија и Германките Исабел Госе и Маја Вернер со што имаше ист редослед како и во трката на 800 метри слободно.
До златен медал со време на рекорд на првенствата освои Евгенија Чикунова на 200 метри градно со време 2:19.32. Второто место го освои Ејнхард Еванс од Велика Британија и Мона Мек Шери од Ирска.
На 100 метри пепеуртка европска шампионка стана Рос Ванотердијк од Белгија со време 56.08 секунди. Германката Ангелина Колер заврши како втора, а Дориа Клепикова имаше трето време.
Второ злато на шампионатот освои и Романецот Давид Поповичи со победата во трката на 200 метри слободно со време 1:44.15 минута (европски првак и на 100 слободно), а среброто и бронзата им припадна на Томас Навиконис од Литванија и Џејмс Ги од Велика Британија.
На 50 метри грбно победи Чехот Мирослав Кнедла со време 24.11 секунди, пред Клемент Колесников и Павел Самусенко, претставниците на тимот на неутралните спортисти.
Мешаната штафета на неутралните спортисти во состав (Егор Корнев, Иван Гирев, Дариа Клепикова и Кира Махокина) постави рекорд на првенствата со време – 3:19.95 минути и го освои златниот медал. Среброто го освои штафетата на Холандија, а бронзата и припадна на Италија.
август 15, 2026
