Connect with us

Вести

Николоски: Со Србија заедно работиме на проекти за зајакнување на економијата и транспортот

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, денеска во Охрид беа домаќини на српскиот премиер Ѓуро Мацут и висока владина делегација од Србија.

За време на престојот на српската делегација беа потврдени одличните односи меѓу двете соседни земји.

Како што истакна Николоски, соработката меѓу Скопје и Белград продолжува да се развива со засилено темпо во сите сектори.

„Пријателството меѓу двете држави е на високо ниво и соработката во сите сектори е исклучително добра“, објави Николоски на социјалните мрежи.

Тој потенцираше дека фокусот на разговорите бил ставен на конкретни иницијативи и заеднички економски проекти.

„Заедно работиме на повеќе проекти кои ќе ја зајакнат економијата, транспортниот сектор и силна трговска размена“, порача вицепремиерот Николоски.

Посетата на српскиот премиер Мацут на Охрид е дел од активностите за продлабочување на билатералниот дијалог и регионалната соработка.