Connect with us

Свет

Шикорски: Навлегувањето на руските дронови во Полска е тест на Кремљ за НАТО

Шефот на полската дипломатија, Радослав Шикорски, денеска изјави дека навлегувањето на руските дронови во воздушниот простор на Полска претставува обид на Кремљ да ја тестира реакцијата на НАТО на ескалација на тензиите, без да предизвика тотална војна со Западот.

Тој потврди дека, иако дроновите кои го нарушиле полскиот воздушен простор можат да носат муниција, овојпат не биле опремени со експлозив.

Како што изјави полскиот министер за британскиот весник „Гардијан“, одговорот на Варшава ќе бил многу построг доколку во навлегувањето на руските дронови имало повредени или загинати.