Свет
Песков: Смртта на Чарли Кирк е последица на поларизацијата

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, убиството на американскиот десничарски политички активист Чарли Кирк го опиша како како последица на поларизацијата во американското општество.
– Работа на американските органи за спроведување на законот е да откријат дали станува збор за изолирани случаи или за тренд, што би било многу полошо, рече Песков во неделата во интервју за руската државна телевизија, пренесе ДПА повикувајќи се на Интерфакс.
– Но вистина е дека општеството во моментов е екстремно поларизирано, изјави тој.
Кирк, 31-годишен политички активист, медиумска личност и пријател на семејството на претседателот Доналд Трамп, беше застрелан во вратот во средата во Јута додека зборуваше на отворено на универзитетски кампус.
Тој беше моќна фигура во конзервативната политика на локално ниво, со посебен фокус на мобилизирање на гласовите на младите.
Властите го идентификуваа осомничениот убиец како млад човек и рекоа дека веруваат дека убиството било „политичка ликвидација“.
септември 15, 2025