Connect with us

Свет

Русија тестираше хиперсонична ракета „Циркон“ на воената вежба „Запад 2025“

Русија денеска соопшти дека испукала хиперсонична крстосувачка ракета „Циркон“ кон цел во Баренцовото Море за време на заедничката воена вежба со Белорусија „Запад 2025“.

„Според податоците од мониторинг во реално време, целта беше уништена со директен погодок“, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Воените вежби „Запад 2025“ започнаа во петокот и се одржуваат на територијата на Русија и Белорусија, како и во Балтичкото и Баренцовото Море.