Connect with us

Вести

Мисајловски: Армијата останува да помогне во Гостивар додека има потреба за тоа

Армијата останува да помогне во Гостивар додека има потреба за тоа – рече денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски во Штип, каде што изврши увид во касарната „Јане Сандански“ на реновираниот објект, кој е дел од инфраструктурните проекти што се реализираат во касарните во државата.  

– Во Гостивар ќе останеме како Армија за давање дополнителна техничка вода, нашите капацитети што ги имаме ги ставивме на располагање насекаде, цистерни и разни видови опрема. И ќе бидеме постојано таму, иако веќе техничка вода има. Но, во зависност од потребата на Управувачкиот комитет, за секој граѓанин во Гостивар, Армијата ќе остане таму, нема лимит. Додека сме потребни, таму ќе бидеме. Дали ќе се користи капацитетот на Армијата доволно или не, во овој момент можеби тоа е второ прашање, прво прашање е дека Армијата таму останува да помогне – истакна Мисајловски.