Connect with us

Вести

Мицкоски: Остануваме посветени на спроведување на реформите што ќе придонесат за поефикасни институции, подобри услуги за граѓаните и забрзан напредок на државата

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека денеска одржале работен состанок посветен на реформската агенда и на процесот на европска интеграција, на кој преку онлајн-обраќање учествувал директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман.

На состанокот, како што посочува премиерот во објавата, разговарале за досегашниот напредок, следните чекори и координацијата меѓу институциите, со цел реформските процеси да продолжат ефикасно, навремено и во согласност со утврдените приоритети.

– Остануваме посветени на спроведување на реформите што ќе придонесат за поефикасни институции, подобри услуги за граѓаните и забрзан напредок на државата – истакнува премиерот Мицкоски.