Connect with us

Вести

Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица што првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис, според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден.

Министерството за здравство информира дека во Општата болница во Гостивар се регистрирани 111 нови прегледи на инфективното одделение, 65 нови прегледи на педијатриското одделение и 7 прегледи на Ургентниот центар, односно вкупно 183 прегледи.

The number of newly examined patients presenting with gastroenterocolitis symptoms in Gostivar continues to decline, according to data collected from Gostivar’s public health institutions on

Во Здравствениот дом во Гостивар се евидентирани 110 прегледи, како и 25 повици до Итната медицинска помош.

– Во текот на вчерашниот ден вкупниот број пациенти прегледани во болницата е намален за 38 проценти. Во споредба со 19.7.2026 година, кога во Општата болница во Гостивар беа регистрирани 289 прегледи, вчера се евидентирани вкупно 183 прегледи. Истовремено, бројот на прегледи во здравствениот дом продолжува континуирано да опаѓа – од 315 пациенти на 18 јули, на 275 пациенти на 19 јули и 110 пациенти на 20 јули – изјави министерот за здравство, Сашо Клековски.

Ad
Ad