Вести
Случај Гостивар: Дивиот приклучок не се наоѓал во санитарните зони, туку на 800-900 метри од последната точка опфатена со дозволата
Дивиот приклучок поставен на гостиварскиот водоснабдителен систем не се наоѓал во заштитните санитарни зони, туку на 800-00 метри од последната точка опфатена со дозволата што ја имал „Комуналец“ – Гостивар. За овој приклучок, што е предмет на истрагата за загадувањето на водата во Гостивар, не е доставено барање до Министерството за животна средина и простроно планирање (МЖСПП).
– Овој див приклучок воопшто не е во рамките на дозволата, надвор е од нејзиниот опсег, не е ниту во санитарните зашитини зони или на изворот, туку е далеку, на 800-900 метри од главниот цевковод, што ги снабдува општина Гостивар и околните села со вода за пиење. Предметното зафаќање вода, за кое е информирана и јавноста, не е составен дел од дозволата, а водата што се зафаќа е од водно тело, кое моментно гравитира во постојан отворен канал. За секоја измена на дозволата од МЖСПП, што планира да ја направи некое комунално претрпијатие, вклучувајќи го и „Комуналец“ – Гостивар, првин треба да се поднесе барање до Управата за животна средина – сектор води, кое потоа го разгледува и дава или не дава одобрение за измената. Во конкретниот случај се работи за цевковод што служи за вода за пиење, за исклучително санитарни услови. Точка 11 од дозволата вели дека за секоја измена што ќе сака да ја направи, операторот е должен да побара одобрение од МЖСПП зашто министерот ја издава дозволата, која е носечка за водоснабдувањето во градот. Такво барање до денес не е пристиганто во МЖСПП – рече денеска директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, на прес-конференција во Владата.
Таа информира дека на 16 јули, по барање на ОЈО од Гостивар, веднаш била издадена наредба за вонреден инспекциски надзор, кооридниран со крим-полицијата, АХВ, Центарот за јавно здравје и „Комуналец“ – Гостивар. Од 19 до 23 часот се вршел увид и составен е записник доставен до ОЈО Гостивар.
– Државниот инспекторат за животна средина останува целосно на располагање на ОЈО и ќе продолжи да постапува во согласност со законските овластувања и надлежните органи – потенцира директорката.
Таа е децидна дека Инспекторатот за животна средина нема надлежност во однос на водата за пиење ниту, пак, во однос на анализите, ниту ќе коментира дополнителни околности сè додека трае постапката пред надлежното обвинителство.
Според директорот на АХВ, Оливер Миланов, кој претходно зборуваше на прес-конференцијата во Владата, ОЈО треба да утврди како е дозволено на диво да бидат приклучени пумпите. Можеби, како што рече, биле поставени ден пред да се случи хаваријата.
јули 22, 2026


