Connect with us

Фудбал

Македонската репрезентација остана на 69. место на ФИФА ранг-листата

Македонската фудбалска репрезентација остана на 69. место на најновата ранг-листа на ФИФА со 1369.16 бодови колку што имаше и на последното рангирање.

Најновата ранг-листа на ФИФА донесе промени на врвот на кој се врати новиот светски првак Шпанија, додека Аргентина која загуби во неделното финале на Светското првенство се спушти на второто место.

Франција и Англија останаа на третото и четвртото место, додека Бразил се искачи на петтата позиција, а Мароко скокна на шестото место, прв пат во својата историја.

ФИФА ќе го објави следното рангирање на 7 октомври.

(2) Шпанија 1995,88
(1) Аргентина 1970,37
(3) Франција 1948,97
(4) Англија 1922,83
(6) Бразил 1804,92
(7) Мароко 1803,99
(5) Португалија 1787,85
(9) Белгија 1778,36
(8) Холандија 1775,54
(14) Мексико 1754,30.

Ad
Ad