Connect with us

Фудбал

Бразилецот Гомес нов фудбалер на Астон Вила

Премиерлигашот Астон Вила ги засили денеска своите редови со бразилскиот фудбалски репрезентативец од средниот ред Жоао Гомес.
Клубот од Бирмингем не ги објави финансиските детали од договорот со 25-годишниот Гомес, но според англиските медиуми, трансферот изнесува 34 милиони фунти, плус дополнителни четири милиони фунти во бонуси.
Гомес доаѓа во Астон Вила од Вулверхемптон каде се пресели во 2023 година од редовите на бразилски Фламенго. Во дресот на Вулверхемптон одигра 130 натпревари на кои постигна осум голови и додаде шест асистенции.
Гомес има десет настапи за бразилската репрезентација од дебито во март 2024 година.

Ad
Ad