Connect with us

Фудбал

Торес: Многу ме критикуваа, но судбината им дава големи работи на оние што ги заслужуваат

Шпанскиот фудбалски репрезентативец, Феран Торес ги сподели своите емоции по победата над Аргентина (1:0 во продолжение) ноќеска во финалето на Светското првенство 2026.

-Многу ме критикуваа, но судбината им дава големи работи на оние што ги заслужуваат. Ова не беше моја цел, тоа е целта на 47 милиони шпански навивачи, го цитира новинарот Фабрицио Романо 26-годишниот фудбалер.

Торес влезе како замена во 62. минута и го постигна победничкиот гол против Аргентина во 106. минута.

Шпанија стана светски шампион по втор пат во историјата, победувајќи ги  две финалиња во кои настапи, кои завршија во продолжение. Шпанија го освои своето прво првенство во 2010 година, победувајќи ја Холандија со 1:0

Ad
Ad