Фудбал
Скалони не ја исклучи можноста да ја напушти функцијата селектор на Аргентина по истекот на договорот
Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони, објави дека има намера да го одработи својот договорот до крајот, а потоа не е сигурен дали ќе остане на функцијата.
-Ќе продолжам како селектор на Аргентина до декември. А потоа веројатно ќе заминам, рече Скалони ноќеска на прес-конференцијата по поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство во 2026 година (0:1 по продолженијата).
Скалони му се заблагодари на Аргентинскиот фудбалски сојуз за можноста и истакна дека продолжувањето на неговиот мандат ќе бара „ресетирање“ и формирање нов тим, што ќе биде многу тешко.
Тренерот ја тренира репрезентацијата на Аргентина од август 2018 година, а неговиот договор важи до 31 декември 2026 година.
јули 21, 2026


