Connect with us

Свет

Иран: Во новите американски напади загинаа најмалку 50 лица, а над 500 се повредени

Најмалку 50 лица загинаa, а повеќе од 500 се повредени во Иран во последните американски напади по новата ескалација на тензиите во Персискиот Залив, соопшти денеска иранското Министерство за здравство, пренесува германската новинска агенција ДПА.

Портпаролот на иранското Министерство за здравство и медицинско образование, Хосеин Керманпур, објави на платформата Икс дека 460 од повредените лица биле пуштени од болница, додека 37 лица и натаму се на болничко лекување.

ДПА забележува дека иранската Влада вообичаено објавува податоци само за жртвите меѓу цивилното население, додека нема официјални информации за загубите во редовите на вооружените сили.

Американските вооружени сили извршија напади главно врз јужните крајбрежни провинции на Иран.

Во југозападната и богата со нафта индустриска провинција Хузестан, властите регистрирале напади врз 95 објекти во последните 10 дена, објавија локални медиуми.

Ad
Ad