Вести
Полицијата ги проверува наводите за загадување на водата во гостиварскиот водовод
По пријава за незаконска интервенција во водоводната мрежа на подрачјето на општина Гостивар, полицијата спроведува истражни мерки.
Портпарлот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, потврди дека по наредба на јавен обвинител, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
– Поради сомнение за сторено кривично дело загадување на водата за пиење, предвидено и казниво по член 219 од Кривичниот законик, во расчистувањето на овој случај вклучена е и полицијата – изјави Реџепи.
За расветлување на случајот со наводно долевање вода во главниот резервоар за водоснабдување се вклучија Обвинителството, Институтот за јавно здравје, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за животна средина, како и лиценциран вештак, кој треба да изврши стручна процена на незаконски поставениот систем.
јули 18, 2026

