Connect with us

Скопје

Од ЈП Дрисла тврдат дека не се одговорни за загадувањето, се сомневаат во политички мотивирани потпалувачи

ЈП Дрисла денеска преку пишано соопштение апелира до МВР да ги најде и санкционира потпалувачите на пожарите во депонијата, за кои, како што се наведува, има сомненија дека се политички мотивирани. Од Дрисла тврдат дека работат според предвидените процеси и стандарди и оти тие не се причина за загадувањето.

– Апелираме до Министерството за внатрешни работи да пристапат кон истрага за изнаоѓање и санкционирање на потпалувачите на пожарите, кои се сомневаме дека се политички мотивирани за дефокусирање од реалните проблеми. Депонија Дрисла без вакви намерни инциденти нема никаков потенцијал за загадување и работи според највисоки 
стандарди, стои во соопштението од ЈП Дрисла.

Тврдат дека Дрисла е единствената санитарна лиценцирана депонија која од 2022 година не согорува отпад туку со автоклав стерилизира и компримира со што од истата нема никаква можност за загадување.

– Сите тековни активности на претпријатието се извршуваат согласно техничко – технолошкиот проектиран процес имајќи ги предвид заштитата на животната средина, здравјето на човекот и природата, а во согласност со постоечките законски прописи,
наведуваат од ЈП депонија Дрисла Скопје