Connect with us

Свет

Марин Ле Пен го повика премиерот Лекорни да „се откаже од макронизмот“

Лидерката на парламентарната група на десничарската партија Национален собир (РН) во францускиот Парламент, Марин Ле Пен, синоќа го повика новоназначениот француски премиер Себастијан Лекорни да „се откаже од макронизмот“ затоа што, како што тврди, сегашниот режим не ги задоволува потребите на народот.

„Го молам Себастијан Лекорни да престане со макронизмот… Не можеме бесконечно да владееме без народот или против него“, изјави таа на францускиот телевизиски канал TF1.

Ле Пен оцени дека францускиот претседател Емануел Макрон има можност да го распушти парламентот, а ако не сака да го стори тоа, „има друга можност дадена од Уставот: да поднесе оставка“.

„Тоа значи враќање кај народот. Тоа е духот на Петтата Република. Не барам негова оставка. Само велам дека тој има два начина да излезе од кризата: или да го распушти Националното собрание или да поднесе оставка“, рече таа.

Ле Пен ги отфрли критиките дека нејзината партија придонесува за политичка нестабилност, тврдејќи дека луѓето се уморни од „стабилноста што им е наметната, а која не ја сакаат“.

„Французите сакаат правда и ефикасност. Не е нестабилноста она што ги загрижува Французите. Она што ги загрижува е стабилноста на политиките што повеќе не ги сакаат, а кои им се наметнати“, рече Ле Пен