Политика
Мицкоски очекува сите политички партии да го поддржат кандидатот за градоначалник за Кочани, Влатко Грозданов

Премиерот Христијан Мицкоски очекува сите политички партии да застанат зад кандидатурата на лекарот Влатко Грозданов за градоначалник на Општина Кочани. Посочи дека Грозданов е натпартиска личност и тие како ВМРО-ДПМНЕ го немаат ексклузивното право на неговата кандидатура.
-Јас очекувам дека сите политички партии здружено ќе го поддржат доктор Влатко Грозданов и очекувам дека сите заедно ќе застанат позади неговата кандидатура. Ценам дека како лик, како човек, којшто е од градот, докторот ќе може да заедно со сите политички партии да направи многу за Кочани, после ужасната трагедија, којашто ни се случи. Ние како ВМРО-ДПМНЕ сме подготвени со сите оние коишто сакаат да поддржат заеднички да застанеме позади Грозданов, изјави Мицкоски при денешната посета на ГОБ 8 Септември.
Премиерот Мицкоски ги покани сите партии да застанат зад кандидатурата за градоначалник на Кочани на Влатко Грозданов, кој е лекар специјалист по гинекологија.
-Ги поканувам сите политички партии да застанат позади кандидатурата и заедно да го избереме за доброто на Кочани и за доброто на регионот, посочи Мицкоски.
септември 12, 2025