Свет
Шпанскиот парламент го отфрли генералниот план на владата за скратување на работната недела

Шпанските пратеници вчера го отфрлија законот со кој ќе се скратеше работната недела во сите области, едно од клучните ветувања на социјалистичкиот премиер Педро Санчез, кој нема парламентарно мнозинство.
Законот, кој имаше за цел да ја намали работната недела од 40 на 37,5 часа, беше отфрлен од 178 пратеници, а поддржан од 170.
Законот, поднесен од министерката за труд Јоланда Дијаз, од крајно левичарската партија Сумар, сојузник на социјалистите во владата на Санчез, е резултат на договор потпишан со двата главни синдикати, UGT и CCOO, кои повикаа на демонстрации пред Парламентот за време на гласањето, додека организациите на работодавачи се спротивставија на реформата.
Според владата, намерата била да се опфатат повеќе од 12 милиони вработени во приватниот сектор, главно во малопродажбата, угостителството и земјоделството, бидејќи работната недела од 37,5 часа е веќе на сила во државната служба и повеќето големи компании.
Јоланда Диаа изјави дека владата повторно ќе го поднесе предлогот, барајќи од пратениците да ја „корегираат“ својата позиција за да не се соочат со „12,5 милиони работници во нашата земја“ кои би можеле да имаат корист од овој закон.
Таа рече дека „скратувањето на работната недела и зголемувањето на платите веќе се извојувани на улиците. Ние веќе победивме, целата земја сака ова да помине!“, нагласи таа.
септември 12, 2025