Connect with us

Свет

Руската армија тврди дека не таргетирала цели во Полска

Руската армија соопшти дека немала намера да нападне цели на полска територија, соопшти руското Министерство за одбрана не потврдувајќи дали дроновите навлегле во полскиот воздушен простор.

Руското МО изрази подготвеност за консултации со полското Министерство за одбрана.

Во соопштението на руското МО се наведува дека армијата ги нападнала украинските воени постројки во регионите Ивано-Франкивск, Хмелницки и Житомир, како и во градовите Виница и Лвов.

Полска и нејзините сојузници ја осудија руската „провокација“ откако синоќа беа соборени 19 дронови во полскиот воздушен простор.