Connect with us

Сцена

Носталгична објава на Деми Мур, посветена на поранешниот сопруг Брус Вилис

На својот интернет-простор, Деми Мур, за американскиот Ден на таткото, сподели носталгична и трогателна објава со почит и спомени, посветена на нејзиниот поранешен сопруг Брус Вилис.

Актерката, која се движи кон средината на седмото десетлетие од својот живот, објави колаж од фотографии од минатото на сега 71-годишниот глумец од „Умри машки“, на кого му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција во 2023 година, со неговите деца низ годините.

„Генерации на љубов“, напиша таа во описот. – „Денеска го славиме нашиот неверојатeн БВ. Испраќаме љубов и до сите татковци, денес и секогаш“, додаде таа.

Брус Вилис и Деми Мур беа во брак од 1987 до 2000 година и имаат три деца: Румер (37), Скаут (34) и Талула (32). Во 2009 година, тој се ожени со Ема Хеминг Вилис, со која доби две деца: Мејбл (14), и Евелин (12). Поради својата состојба, Вилис се повлече од глумата во 2022 година. 

Ad
Ad