Свет
Фон дер Лајен: Иднината на Украина, Молдавија и Западниот Балкан е во нашата Унија

Поголема и посилна ЕУ е безбедносна гаранција за сите нас и затоа иднината на Украина, Молдавија и Западниот Балкан е во нашата Унија, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во годишното обраќање пред европратениците, познато како „Состојбата на Европската Унија“.
– За да овозможиме да се случи следното обединување на Европа ги доближуваме идните земји членки до нашата Унија. Инвестираме. Поддржуваме реформи. Интегрираме во Единствениот пазар. Мора да го продолжиме темпото на овој процес базиран на заслуги. Бидејќи само обединета Европа може да биде независна Европа, рече Фон дер Лајен.
Кога се говори за независноста, според неа, се говори за избор на сопствената судбина, нешто за што се бори Украина и она што го заслужуваат сите Европејци.
– Европа е идеја. Идеја за слобода и заедничка сила. Тоа беше идејата што ја водеше генерацијата по 1989 година кога Истокот и Западот се соединија. И сега таа (идеја) е исто толку моќна, како што беше и тогаш, истакна Фон дер Лајен.
септември 11, 2025