Connect with us

Свет

Навроцки: Путин е подготвен да изврши инвазија на други земји

Претседателот на Полска, Карол Навроцки денеска изјави дека рускиот лидер Владимир Путин е подготвен да изврши инвазија на други земји.

– Не веруваме во добри намери на Владимир Путин. Секако, додека чекаме долгорочен мир кој е потребен за нашите региони, веруваме дека Владимир Путин е подготвен и да изврши инвазија на други земји, рече Навроцки за време на заедничка прес-конференција со финскиот претседател Александер Стуб, пренесува Гардијан.

Како што наведе, поради таа причина Полска развива свои вооружени сили, партнерства и сојузнички односи.

Финскиот претседател Александер Стуб изјави дека во последните месеци е во редовен контакт со американскиот претседател Доналд Трамп, додека европските сили продолжуваат да се залагаат за ставање крај на војната во Украина.

– Се обидуваме да објасниме дека на Путин не може да му се верува, дека Путин ја користи својата вообичаена тактика на одолговлекување, рече Стуб.