Скопје
Доделени 57 стипендии на најуспешните ученици од основните училишта во Општина Бутел
Градоначалникот Дарко Костовски додели 57 стипендии на најдобрите ученици од основните училишта во општина Бутел.
Под мотото “ Со срце учам, со знаење успевам” локалната самоуправа ја продолжи традицијата, за наградување на најуспешните ученици. Денес беа доделени стипендии во вредност од 12.000 денари, на 11 првенци на генерација, во три наставни јазици (македонски, албански и турски).
На најдобрите ученици од 5, 6, 7 и 8 одделение (во три наставни јазици) им беа доделени стипендии во вредност од 6.000 денари. Општина Бутел постојано вложува во образованието и промовира политики за поддршка на најдобри ученици.
јуни 13, 2026


