Сцена
Гвинет Палтроу се соочува со критики на интернет поради оглас за луксузен имот во Израел
„Оскаровката“ Гвинет Палтроу, покрај тоа што е глумица, води и бизнис за животен стил, па предизвика лавина реакции на интернет откако се појави во реклама за израелскиот луксузен „Парк 51“.
– Постои причина зошто најзначајните згради во светот се веднаш до „Парк 51“, вели глумицата. На прашањето дали зградата е во Њујорк, таа одговара: – Херцлија. Израел.
Иако не ја објави рекламата на својот „Инстаграм“-профил, корисниците ги преплавија нејзините најнови објави со лути коментари за нејзиното учество во промоцијата на проектот во Израел. Реакциите кон Палтроу ги истакнуваат лошите страни од поврзувањето со Израел во овој контекст по тригодишната војна во Газа – во којашто, се вели, загинале повеќе од 72.000 Палестинци – како и војните во Либан и Иран. Некои ја критикуваа за промовирање недвижности во земјата додека Газа е уништена од војна, додека други објавија слики од палестински знамиња и пораката „Слободна Палестина“ на повеќе јазици.
Комплексот на 51. кат се наоѓа во крајбрежниот град Херцлија, северно од Тел Авив, објави „Си-ен-ен (CNN)“. Рекламата е снимена во Њујорк и објавена оваа недела.
Американската глумица е израсната во мешано еврејско-христијанско семејство. Татко ѝ бил Евреин и таа има јавно говорено за прославите на еврејските празници, додека некои членови на нејзиното семејство се и рабини. По нападот на Хамас во Израел на 7 октомври 2023, таа беше меѓу холивудските ѕвезди кои потпишаа писмо до тогашниот претседател Џозеф Бајден, барајќи помош за ослободување на заложниците во Газа
јуни 13, 2026


