Вести
Савески и Ивановски на средба за продлабочување на соработката во борбата против финансискиот криминал
Зајакнувањето на меѓуинституционалната соработка во борбата против финансискиот криминал и корупцијата беше во фокусот на средбата на јавниот обвинител Ненад Савески со директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски.
Како што информираат од Обвинителството, на средбата било ставено акцент на потребата од подобрување на координацијата и размената на информации меѓу двете институции.
Притоа биле разгледани можностите за поефикасно откривање и сузбивање на кривичните дела од областа на финансискиот криминал, со посебен фокус на унапредување на спроведувањето на финансиските истраги
јуни 10, 2026


