Свет
Во Киев и Киевската област воведени вонредни исклучувања на електричната енергија
Во Киев и Киевската област утрово се воведени вонредни исклучувања на струјата.
Како што соопшти прес-службата на приватниот снабдувач со енергија ДТЕК, во дел од областите важат распореди за исклучување по часови.
Вонредните исклучувања се воведени по наредба на „Укренерго“. За време на ваквите исклучувања, распоредите не важат, се додава во соопштението.
Од „Укренерго“ ја објаснија оваа одлука со сложената ситуација во енергетскиот систем поради последиците од руските гранатирања.
Од компанијата истакнаа дека вонредните исклучувања се воведени во одредени региони, но не прецизираа точно во кои.
„Нашите екипи работат на тоа што е можно побрзо да се врати стабилното снабдување со електрична енергија. Хавариските исклучувања ќе бидат укинати по стабилизирањето на ситуацијата во енергетскиот систем“, додадоа од „Укренерго“.
ноември 3, 2026


