Свет
Руски хакери ја нападнаа веб-страницата на норвешкиот парламент
Веб-страницата на норвешкиот парламент е делумно недостапна од синоќа, а одговорноста за нападот ја презеде руска хакерска група, јавија норвешките медиуми.
Станува збор за „DDoS“ напад, односно напад што ја преоптоварува веб-страницата со голем број барања, што им отежнува или оневозможува пристап до неа на легитимните корисници.
Руската хакерска група објави на Телеграм дека стои зад нападот.
Норвешка беше цел на неколку кибер напади во изминатите години. Претходните инциденти вклучуваат напади врз системот BankID и браната Бремангер минатата година, кога водата слободно течеше низ објектот четири часа по кибер инцидент. Норвешкиот парламент беше цел на хакерски напад и во 2020 година.
септември 16, 2026
