Свет
Германија мора да ја зголеми својата војска со „максимална брзина“, вели висок воен функционер
Германија треба да го забрза зголемувањето на бројноста на вооружените сили како одговор на руската закана, изјави денеска висок армиски претставник и повика за брзо зголемување на воените способности, јави ДПА.
– Треба да влеземе во поинаков режим. Итно ни е потребно зголемување на капацитетите, изјави генерал-полковник Кристијан Фројдинг. Германија според него треба да биде способна за одвраќање на потенцијален напад и поради тоа државата треба да дејствува со „максимална брзина“.
-Непријателот нема да чека да објавиме дека сме подготвени, изјави Фројдинг. Веднаш откако војната во Украина ќе заврши, „како што и сте се надеваме“ руските сили ќе имаат можност да нападнат додаде тој.
Фројдинг вели дека преструктуирањето на Бундесверот треба да вклучува не само технолошки иновации туку и обучен персонал. Тој посочи дека се неопходни промени за зголемување на воената подготвеност и оперативните можности на армијата. Германската армија предлага основна обука за работа со дронови, вели Фројдинг и додава дека секој војник треба да се научи да управува со дронови и да биде способен да ги користи.
септември 4, 2026
