Connect with us

Фудбал

Манчестер јунајтед подготвен да плати 50 милиони евра за Камавинга

Манчестер јунајтед наскоро може да му достави понуда на Реал Мадрид за францускиот репрезентативец од средниот ред Едуардо Камавинга.

Според „Кадена СЕР“, англискиот клуб е подготвен да плати 50 милиони евра.

Дваесет и тригодишниот Французин има тековен договор со Реал до 2029 година. „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 50 милиони евра.

Во сезоната 2025/26, Камавинга одигра 43 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и една асистенција. Тој не беше повикан за Светското првенство во 2026 година.