Connect with us

Вести

Прегледани 73 пациенти во јавните здравствени установи во Гостивар

Во јавните здравствени установи во Гостивар вчера се прегледани 73 пациенти кои побарале лекарска помош, соопшти Министерството за здравство.

Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад” Гостивар, како што се посочува, се регистрирани вкупно 45 нови прегледи, од кои 26 на инфективно (со две нови хоспитализации) и 18 на педијатриското одделение.

Во моментот се хоспитализирани по двајца пациенти на инфективно и на одделението за педијатрија.

Во Здравствени дом Гостивар се регистрирани 28 нови прегледи во дежурната служба, информираат од Министерството.