Connect with us

Вести

Сали се сретна со шпанскиот државен секретар за ЕУ: Потврдена поддршката за европската перспектива на земјава

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со државниот секретар за Европската Унија на Кралството Шпанија, Фернандо Маријано Сампедро Маркос, кој престојува во работна посета на државава.

Како што соопшти Министерството за европски прашања, на средбата се разговарало за напредокот на процесот на европската интеграција на земјава, спроведувањето на Реформската агенда, како и за актуелните случувања во рамките на политиката на проширување на Европската Унија.

Министерот Сали се заблагодарил за континуираната поддршка што Шпанија ја дава на европската перспектива на нашата држава, истакнувајќи дека зачувувањето на кредибилитетот на политиката на проширување претставува стратешки интерес не само за земјава, туку и за стабилноста и безбедноста на целиот регион.

Соговорниците ги потврдиле одличните билатерални односи меѓу двете земји и ја изразиле подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката во поддршка на европската агенда на земјава.